МЕСТОПОЛОЖБА

  • tvrv

    Највисокиот врв на Шар Планина е Титов Врв

    Се до крајот на XIX век се сметало дека Шар Планина, со врвот Љуботен е највисока планина на Балканот.

  • Во антиката, Шар Планина била позната како Scardus.
  • Најниската температура измерена на Попова Шапка е -23,7°C, а највисоката 30,6°C.
  • Во просек, на Попова Шапка се јавуваат 149 денови со снег (септември-мај/јуни).
  • Шар Планина е единствен масив во Европа каде што може да се оди 95 километри, од Љуботен до последниот врв кој се вика Расангул, и во ниеден момент да не се спуштите под 2200 метри надморска висина.
  • Под подножјето на Шар Планина низ векови настанувале и се развивале различни религии  од кои доминираат исламската и православната религија.
  • Највисок врв е Титов Врв (2748 m), а планината се одликува со голем број врвови кои се издигнуваат над 2000 м.
  • Шар Планина е долга 80 километри и 30 километри широка.

ВОДА

  • sl6

    Шар Планина е трета по ред на Балканот по бројот на глацијални езера. ФОТО: Љубомир С.

    Од највисоките делови на Шар Планина кон дното на Полог се спуштаат голем број слапови и
    водопади, од кои најмарканти се оние на Вратничка река.

  • Најголемата вардарова притока, Пена, се создава на Шар Планина. Речиси сите реки на оваа планина припаѓаат на сливното подрачје на реката Вардар.
  • Најголемо езеро на Шар Планина е Боговинското езеро. Неговата длабочина изнесува 4-5 м.
  • На Шар Планина има околу стотина извори, од кој највисоко се наоѓа изворот во циркот на Големото Езеро (2.460 м)
  • Шар Планина е трета по ред на Балканот по бројот на глацијални езера, кој изнесува 30, од кои 21 се постојани.
  • Во изворишниот дел на Боговинска Река на Шар Планина, се наоѓа фосилизиран карпест глечер со должина околу 1,5 км.

ФЛОРА

  • На Шар Планина се застапени скоро сите вегетациски појаси што се среќаваат во Македонија.
  • Шумите на Шар Планина растат до 1700 метри надморска висина, а над нив почнуваат пасиштата  кои заземаат околу 550 километри квадратни и застапени се во јужниот дел на планината . Со овој факт  се докажува зошто толкму од овој регион произлегуваат најквалитетните млечни производи.
  • На централна Шар Планина во субалпскиот појас се среќаваат единствените смрчеви шуми во Македонија.
  • Флората на Шар Планина, според моменталните податоци, брои над 2000 видови васкуларни растенија, што е повеќе од половината флора на цела Македонија. Околу 200 од овие видови се ендемични и субендемични.
  • На Шар Планина до сега се откриени околу 700 вида на силикатни алги – дијатомеи. Овие видови укажуваат на чисти води со низок степен на загадување.
  • Колку помала височина – толку поголем број видови на алги, колку поголема височина – толку повеќе екстремно ретки видови.
  • Во моментов, од Шар Планина се познати околу 365 габи. Околу 80 од овие видови може да се користат за човекова исхрана, а 18 се сметаат за значајни од аспект на биолошката разновидност.

ФАУНА

  • На Шар Планина има околу 167 видови дневни пеперутки, што е 83% од фауната на дневните пеперутки на Македонија.
    pg1

    На Шар Планина живеат половина од популацијата на скакулци Фото: Љубомир С.

  •  До сега, на Шар Планина се откриени 40 видови скакулци, што се претпостаувуа дека е половина од реалната бројка. Од нив, 7 се субендемити (ендемити кои имаат голем ареал на распростанување, односно не се локални).
  • Од тврдокрилците, најзначајни се тркачите, кои се застапени со 140 видови, од кои 41 се еднемични за Шар Планина.
  • Фауната на копнени полжави е застапена со 49 видови, од кои 5 се шарпланински локални ендемити, а уште 11 се балкански ендемити.· Рибите на Шар Планина се слабо проучени, но се
  • Рибите на Шар Планина се слабо проучени, но се знае дека популацијата на поточната пастрмка е под силен антропоген притисок, бидејќи е подложена на спортски риболов со нелегални методи на ловење.
  • Од вкупно 15 видови на водоземци во Македонија, 12 се среќаваат на Шар Планина, а 5 од нив се строго заштитени видови според Конвенцијата за зачувување на европските диви видови и станишта (Бернска Конвенција).
  • На Шар Планина се регистрирани 18 видови на влекачи, што е половина од вкупниот број во Македонија, од кои 13 се строго заштитени. Меѓу нив најзначајна е остроглавата лутица, која е класифицирана како загрозена на светската црвена листа.ris
  • Орнитофауната (фауната на птици) на Шар Планина е застапена со повеќе од 130 досега забележани видови, од кои дури 96 се строго заштитени, а за 22 видови е потребно спроведување мерки за нивна заштита. Најинтересен е крексот – вид загрозен во Европа.
  • Во минатото, на Шар Планина се забележувале денес исчезнатите брадест и црн мршојадец, како и повеќе видови орли и соколи. Од мршојадците денес се забележува само белоглавиот, кој не гнезди на планината туку доаѓа во летните месеци во потрага по храна.
  • Значајни белези за Шар Планина се и локалната раса куче – шарпланинец, како и овцата шарпланинка.
  • На Шар Планина се регистрирани 45 видови цицачи, од вкупно 78 во Македонија. 5 од нив се класифицирани како загрозени. Од најголемо значење е заштитата на балканската полјанка, кафеавата мечка, балканскиот рис и дивокозата. Балканскиот рис е силно загрозен и мал број единки успеале да опстанат само во јужните делови на Шар Планина.