„Патувачко кино“ во руралните средини
29/09/2020Со оф роуд тура за љубители на природата – заврши јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк
17/10/2020Запознавање на локалното население со придобивките на Шар Планина и предлог границите на идниот национален парк
Одржани рурални форуми во Тетово, Теарце и Врапчиште
Центарот за едукација и развој од Теарце во соработка со другите организации од платформата „Пријатели на Шара“ на 28 и 29 септември организираше три средби со жителите на полошките населени места кои се дел од Општините Тетово, Теарце и Врапчиште.
Овие средби се организираа во рамки на кампањата за прогласување на Шар Планина за национален парк што ЦЕД ја спроведува со поддршка на Канцеларијата за животна средина на ОН – УНЕП и Министерство за животна средина и просторно планирање.
Идејата на средбите беше присутните да се информираат за природните вредности на Шар Планина, можностите и бенефитите за сточарство и земјоделство во заштитено подрачје како и предлог границите на идното заштитено подрачје.
Во Тетово имаше мал одѕив на присутни но сепак форумот помина во конструктивна дебата со прашања кои се однесуваа на тоа каква корист ќе имаат локалните жители што ќе бидат дел од идниот национален парк. Експертите наведоа повеќе конкретни одговори но присутните побараа поголема ангажираност од институциите во споделување на конкретните насоки за тоа што ќе биде дозволено а што забрането во трите зони на управување во идното заштитено подрачје.
На форумот беа присутни медиуми кои известија за средбата. Прилог на ТВ Телма, Тетово Инфо, Кисс&Менада и ТВ Коха.
На 28 септември во 18ч. беше закажан вториот форум во село Теарце, но поради вербален напад на неколку присутни од вкупно шеесетина присутни, средбата беше оневозможена да се одржи и по првите 5 минути беше прекината. Жители на село Пршовце и други села директно со навредливи зборови се закануваа на модераторот на дебатата Аријанит Џафери, а на претставничката на УНЕП не и беше дозволено да се обрати пред присутните. Револтираните и вербално насилни лица искажуваа незадоволство од системот и цитираме: „планината е наша“ и „ние сме против национален парк“.
За жал ова однесување спречи информацијата да биде пренесена до останатите посетители на форумот кои доаѓаа од повеќе села во околината на Теарце, како Доброште, Пршовце, Првце, Беловиште, Вратница, Ореше и други.
Последната средба со граѓани се одржа на 29.10.2020 во село Градец, Врапчиште со присуство од околу 50 посетители и градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани. Дебатата помина во мирна атмосфера и со конструктивна дебата. Граѓаните се интересираа, дали ќе можат да градат во втората зона за заштита, како и тоа дали националниот парк ќе има ингеренции врз нивниот извор за снабдување со питка вода. Потоа имаше прашање дали во идниот национален парк ќе може да се гради регионалниот пат „Rruga e arberëve” итн. Заклучок од сите три средби е дека граѓаните итно бараат јасни одговори во однос на управувањето на идното заштитено подрачје и што тоа ќе значи за нивното секојдневие. Евидентен беше револтот на присутните во однос на отсуството на претставници на институциите и според нив тоа само ја нарушува и онака малата доверба што ја имаат граѓаните во институциите.