Кои сме ние?

„Пријателите на Шара“ е неформална група на здруженија на граѓани од тетовскиот регион кои сакаат Шар Планина во иднина да ја видат како национален парк. Основачките здруженија на платформата се Македонско еколошко друштво од Скопје, Институтот за развој на заедницата од Тетово, планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово и Центарот за едукација и развој од Теарце.

Цели

 1. Промоција на иницијативата за прогласување на Шар Планина за Национален парк.

 2. Информирање на граѓаните од населените места коишто гравитираат кон Шар Планина за потенцијалните придобивки доколку Шар Планина се прогласи за национален парк.

Активности

Организирање на едукативни јавни настани, трибини, состаноци со локално население, планинарски тури и сл. во насока на промоција на природните вредности на Шар Планина.

Иницијатива за граѓански интеграции

Здружението Иницијатива за граѓански интеграции е основано во септември 2016 година од група ентузијасти од Гостивар. Работи на повеќе полиња, но најактивно е на полето на екологијата и зачувувањето на животната средина.

Центар за едукација и развој

Центарот за едукација и развој (ЦЕД) е невладина организација која функционира во регионот на Општина Теарце од Декември 2006 година. Организацијата како Целна Група ги има младите од 12 до 28 годишна возраст,додека за постигнување на целите на своите активности секогаш се вклучени младите,наставниците,родителите,водечките институции и други водечки организации.

Планинарски клуб - Љуботен

Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово е доброволно, масовно, вонпартиско здружение на граѓани, посебно на младината и подмладокот, кое делува во правец на реализирање на определени цели и задачи од областа на планинарските спортови, спортската рекреација, екологијата, воспитувањето и планинскиот туризам.

Македонско еколошко друштво

Македонското еколошко друштво (МЕД) е формирано во 1972 година.Промовирањето на екологијата како наука и нејзиното вклучување во целокупното образование, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата и промовирање на принципот на одржливиот развој, се практиките за кои МЕД континуирано се залага и вложува постојани напори да ги вметне во сите сегменти на живеењето.