“Пријателите на Шара” на тетовско гравче
17/10/2015Средба со невладини организации и здруженија
15/12/2015“Пријателите на Шара” после првиот промотивен настан во септември учествуваа на повеќе состаноци и настани во земјава и регионот со цел промовирање на платформата и проширување на членството.
“Пријателите на Шара” на 2 октомври 2015 година во Струга учествуваа на годишната дводневна средба на еколошките невладини организации од Македонија. На овој настан беше промовирана платформата и воедно доби поддршка од НВО секторот во земјава.
На “11-от состанок на Постојаната работна група на SWG во регионот на Шара” којшто се одржа на 26 октомври 2015 година во Штрпце, Косово, “Пријателите на Шара” беа поддржани од 30 нови учесници од регионот.
Шестиот “Ехо филмски фестивал” за планинарски филмови се одржа на 5 ноември 2015 година во Скопје. На овој настан свое учество имаа и “Пријателите на Шара” каде што добија 60 нови членови, меѓу кои и познати македонски музички ѕвезди и дипломати кои живеат во Македонија.
Македонското еколошко друштво на 19 ноември во Скопје направи официјална промоција на краткиот филм за балканскиот рис којшто Меѓународната Унија за заштита на природа (IUCN) официјално го стави на црвената листа на загрозени видови како критично загрозен вид. “Пријателите на Шара” во рамките на овој настан поставија свој штанд каде што се промовираа и привлекоа нови членови.
Платформата “Пријателите на Шара” имаше своја промоција и на работилницата за рурален развој и доживотно учење во Кавадарци која се одржа на 24 ноември 2015 година. На средбата беа присутни заинтересирани страни од регионот на Шара и останатите делови на Македонија.
“Пријателите на Шара” учествуваа на дебатата на тема Шара национален парк, што се одржа на 11 Декември 2015 година во Тетово, во организација на Граѓанската Асоцијација “Мост” на која учествуваа пратеници, членови на НВО и дел од локалното население. На средбата беа разгледани и отворени повеќе прашања поврзани со придобивките кои би ги добило населението од овој регион доколку Шара се прогласи за Национален парк, но секако и ограничувањата што би постоеле во однос на користењето на природните ресурси.