Средба со невладини организации и здруженија
15/12/2015Пријателите на Шара разменија искуства со Националниот парк “Sharri” од Косово
06/04/2016“Пријателите на Шара” новата работна година 2016 ја започнаа со обуката за брендирање и комуникација која се одржа на 27 Јануари во Тетово. Обуката ја спроведе стручен тим од областа на маркетингот, а на средбата беа дефинирани дел од активностите коишто ќе се спроведуваат во првите шест месеци од годинава. Крајната цел е зајакнување на капацитетите на платформата и подобро спроведување на кампања за придобивките од прогласување на Шар Планина за Национален парк.