
Пријателите на Шара на саемот за локални производи ПОЛОГ
07/04/2016
Отпочнување на јавна кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк
10/09/2020
На 23 април 2016 година во Општина Јегуновце се одржа Саем на мед во организација на Институтот за развој на заедницата со финансиска поддршка на SWG и Македонско еколошко друштво. На овој настан учествуваа десеттина медари од шарпланинскиот регион од Македонија и Косово.
Пробавме убав шарпланински мед и зборувавме за предизвиците и проблемите на пчеларите од регионот но и пошироко, руралниот развој и проблемите на локалното население кое се занимава со земјоделство. Локалните производи се обележје на секој регион во Македонија и особено ќе бидат важни кога Шара ќе се прогласи за национален парк, изјави претставник од Пријателите на Шара во рамки на овој настан.
Пчеларите од Шар Планина се пофалија со квалитетен ливадски и планински мед како и други пчелни производи. Најмногу интерес учесниците имаа за темите за заштита на традиционални производи со географско потекло, формирањето на земјоделски задруги и можностите за поддршка на земјоделците. Учесниците од Косово истакнаа дека немаат проблеми со продажба на медот и дека кај нив медот од Шар Планина е исклучително квалитетен, ценет и скап. На настанот учествуваа околу 70 учесници, главно пчелари, земјоделци, претставници на невладин сектор, експерти и професори.