Клима

Постои голема разлика во височината помеѓу подножјето на Шар Планина (Полог) и највисоките врвови поради што има и промена на основните климатски типови и значително варирање на просечните климатски параметри во рамките на еден климатски тип. Од подножјето кон врвовите, континенталната клима се заменува со постудената планинска клима. На секои 100 m надморска височина, температурата на Шар Планина опаѓа за 0,5°C. Врнежите се зголемуваат со зголемување на височината се до 2.200 m, по што почнуваат да опаѓаат.

Просечната годишна температура во подножјето на Шар Планина се движи помеѓу 10,5 и 11°C. Климата на Попова Шапка (1750 м.н.в.) се одликува со ниска просечна температура од 4,6°C. Попова Шапка се одликува со обилни врнежи. Просечно паѓаат околу 1100 mm, но во некои години ова количество изнесува и над 1500 mm. Постојана снежна покривка се јавува од декември до март. Максималната височина на снежната покривка изнесува 160 cm, а на повисоките терени и до 200 cm.



Метеоролошка Станица, Попова Шапка

top