На 26 септември (сабота) во ценатарот на Тетово се одржа промоцијата на платформата „Пријателите на Шара“ чијашто основна цел е лобирање Шар Планина да се прогласи за национален парк. Имавме одлична журка со High Control и Кëpurdhat (Печурките) од Тетово. Благодарност за сите што дојдоа на настанот и што се зачленија во платформата. Се гледаме на други случувања!
Прва мобилна апликација од ваков вид за Шар Планина.
Проект на Планинарскиот Клуб „Љуботен“од Тетово и Македонско Еколошко Друштво од Скопје
Целта е промоција на Шар Планина, вредностите и навигација на корисниците до одредена дестинација на планината.
Оваа апликација е направена да ја користат сите оние кои досега се движеле на планина, планинари со искуство, рекреативци, љубители на планината или планинското трчање, сите оние спортисти кои сакаат да престојуваат во планина. Најголемо значење ќе има кај планинарите кои веќе имаат искуство, но не посетиле одредената патека, со што ова е еден вид помош. Благодарение на оваа апликација, на Шара ќе има повеќе посетители.
Enjoy Exploring Shar Mountain!!!